Добредојдовте,

TRGOVSKI.MK е интернет продавница за облека, модни додатоци и козметички производи чија понуда содржи внимателно избрани производи од македонски и странски брендови. Исто така, TRGOVSKI.MK претставува и платформа за промоција на сите брендови чии производи можат да се купат преку системот, вклучувајќи ги тука и сите талентирани дизајнери од нашата земја и од регионот. Ова е одлична локација на која македонските брендови и дизајнери можат да ги пласираат своите производи, да се претстават пред пошироката публика и да го зголемат бројот на своите купувачи. Нашата основна филозофија е да работиме напорно и посветено со цел да овозможиме едноставно и забавно купување на производите што ги нудиме и исполнување на желбите и потребите на нашите посетители. Нашата интернет продавница е место на кое нашите купувачи се чувствуваат убаво и пријатно. Отворени сме за комуникација, коментари и размена на идеи. Нашата цел е да имаме задоволни клиенти кои во најбрзо можно време ќе го добијат производот што го нарачале.

Нашата интернет продавница е омилена дестинација за жените кои ја следат модата и од земјата и од целиот регион и бројот на посетители секојдневно се зголемува. Отворени сме 24 часа на ден, 7 дена во неделата, а нашите производи во моментот можат да стигнат на целата територија на Макеоднија во рок од 2 до 3 дена.

 ШТО ПРАВИМЕ? 

Ние промовираме и продаваме внимателно избрани производи од асортиманот на македонските и светските брендови, и тоа најчесто во соработка со дизајнери, стилисти и модни блогерки од Македонија.

 КОЈА Е НАШАТА ЦЕЛ? 

Нашата цел е да бидеме број 1 дестинација за шопинг, мода и козметика во Македонија и со текот на времето да станеме и водечка шопинг дестинација во регионот.

 ШТО ПРОДАВАМЕ? 

Продаваме внимателно избрана облека и козметички производи од македонски брендови и од светски познатите брендови кои се достапни на нашиот пазар. Настојуваме нашата понуда на производи да ги задоволува желбите и потребите на нашите посетители, при што секој ќе може да си најде производ по свој вкус.

 МРЕЖА 

TRGOVSKI.MK е многу повеќе од обична интернет продавница. Веќе неколку години успешно се дружиме со сите страни во модната приказна – како со брендовите и дизајнерите, така и со модните блогерки и сите девојки и жени кои ја следат модата и сакаат да бидат убави и модерни и тоа преку нашиот онлај шопинг магазин Штипка кој стои зад целиот проект Trgovski.mk.

Доколку сакате да бидете дел од нашата модна приказна, слободно контактирајте не
преку Е-маил shop@trgovski.mk

 

Pop-up Window

Pop-up Window bez headera i footer