ТRGOVSKI.mk

TRGOVSKI.MK е интернет продавница за облека и козметички производи која во својата понуда содржи внимателно одбрани производи од реномирани домашни и странски брендови, вклучувајќи ги тука и креациите на најдобрите македонски дизајнери. Оваа интернет продавница е продолжеток на модната приказна во која влегуваат порталот www.stipka.com.mk и онлајн магазинот за мода SHOPPING MAGAZINE, при што сите три платформи меѓусебно се надополнуваат и надоврзуваат и формираат единствено модно доживување. Новините во нашата работа се резултат на нашата посветеност на публиката и настојувањето да одговориме на нивните желби и потреби. Интересот на нашата публика за купување на производите кои ги презентираме на порталот Штипка како дел од написите за последните модни трендови не поттикна да отвориме онлајн продавница и да излеземе во пресрет на ваквите барања. Секако, не планираме да застанеме тука. Ние сме во постојано движење во тек со светските трендови и планираме да продолжиме да растеме и да се развиваме и да стануваме се подобри.

Почнавме наивно и сосема случајно, водени од големиот интерес за модата и нашата идеја за современата жена, обидувајќи се да се пронајдеме себеси во оваа приказна. И приказната им се допадна на луѓето. Ние се поврзавме со неа и таа стана неразделен дел од нас.

Сега сите заедно, ние и нашите почитувани клиенти, продолжуваме понатаму во новите нивоа на нашата заедничка приказна!


Како да нарачате »  Плаќање »    Достава »   Рекламација »   Како да нарачате надвор од Македонија »
Политика за враќање или замена »   Како да ги вратите производите »

 

Како да нарачате?

Купувањето на производи преку системот на TRGOVSKI.MK се врши едноставно со кликање на копчето „Купи“ и пополнување на потребните податоци за нарачката. Претходно треба точно и прецизно да ги пополните задолжителните полиња како на пр. величина, боја и број на парчиња од дадениот производ што сакате да го нарачате. Нарачаниот производ/производи можете да ги видите во вашата кошничка во секој момент.

Откако ќе ги пополните сите податоци во врска со нарачката, како и вашите податоци за достава на нарачката (име и презиме, телефон,  адреса на живеење и адреса каде сакате да биде доставен производот) со кликање на копчето „Нарачај“ автоматски станувате клиент на онлајн продавницата TRGOVSKI.MK. Во најкраток можен рок (веднаш штом добиеме потврда дека бараниот производ го има на залиха) на вашата е-маил адреса ќе добиете потврда за нарачката (доколку не добиете никаква порака, проверете ја папката со несакана пошта или „спам“). Во пораката ќе добиете  потврда дали бараниот производ го има на залиха, како и податоци за цената на производот, одобрен попуст на цената и износ на трошокот за испорака од продавачот (сите нарачки над 1500 денари немаат трошок за испорака, односно се доставуваат бесплатно).

Процесот на нарачка на производи преку TRGOVSKI.MK можете да го вршите и со регистрација на ваша сметка. Треба само еднаш да се регистрирате и да отворите ваша сметка која во иднина ќе ја користите за нарачка на производи. Регистрација се врши со едноставно кликање на копчето „Најави се“, односно „Креирај сметка“ или пак доколку сте ја започнале нарачката како гостин, во текот на нарачката имате опција да го изберете полето „Регистрирај се“ и да си отворите сметка што ќе ви овозможи во иднина да заштедите време и да имате лесен пристап до информациите за вашите минати и тековни нарачки.

При регистрацијата на TRGOVSKI.MK треба да ги внесете вашите податоци и е-маил адреса, како и да изберете лозинка која во иднина ќе ја користите за регистрација на порталот. По ова ќе добиете автоматска порака со потврда за креираната бесплатна сметка и лозинка на вашата е-маил адреса (доколку не добиете потврда, проверете ја папката со несакана пошта или „спам“). Откако ќе се регистрирате, во горниот дел на TRGOVSKI.MK, во менито десно, имате копче од каде ќе можете да управувате со вашите налози, кошничка, но и со вашите рецензии за производи, како и да ги менувате податоците што сте ги внеле при регистрацијата.

По евиденцијата на нарачката ќе ве контактира оператор од службата за интернет продажба во TRGOVSKI.MK за потврда на нарачката и на податоците за достава. За сите дополнителни прашања можете да не контактирате на onlineshop@trgovski.mk или на телефон 071 318 485.

Нарачка преку телефон

Покрај можноста за нарачки преку интернет, доколку ви е поедноставно или пак имате дополнителни прашања, вашите нарачки можете да ги правите и преку нашиот контакт центар, на телефонските броеви: +38971 318 485, секој работен ден од 9 до 17 часот.

Производите се доставуваат на адресата што ја назначил клиентот од страна на курирска служба.

Како да ја следите вашата сметка?

Опцијата „Моја сметка“, како и самите поставки за управување со сметката им се достапни само на корисниците на „Трговски“ што ќе се регистрираат во системот. Значи, треба да се регистрирате како корисник за да можете да го следите процесот на реализација на нарачката во секој момент.

Плаќање

Плаќањето се врши исклучиво при достава, на курирот од кого ќе ја преземете  пратката, односно во моментот кога производот што сте го нарачале ќе стигне на адресата која што сте ја назначиле при нарачката (или на адреса која последователно сте ја договориле со нашите оператори или со курирот што ќе ја достави нарачката).

Плаќање и купување од продавница

Постои и опција да го преземете производот од продавниците на брендовите со кои соработуваме, односно од самото место на продажба, со тоа што во овој случај вашата нарачка ќе ја сметаме како резервација за производот кој ќе можете да го подигнете најдоцна во рок од два до три дена. Доколку постои оваа опција за одреден производ, истата ќе ви биде предочена од страна на нашите оператори кога тие ќе ве контактираат телефонски за потврда на бројот на вашиот мобилен телефон потребен за контакт при преземање на производот.

Во овој случај ќе ви биде потребен кодот, а плаќањето се врши на лице место, во самата продавница од каде ќе го подигнете производот. Ќе ви бидат побарани контакт информации и потврда на бројот на вашиот мобилен телефон за контакт при превземање на производот.

Вашето купување е сигурно со нас!

Сите производи на нашата интернет страница се оригинални и квалитетни. Пред испораката се врши задолжителна проверка на производот и нарачката за да се потврди дека станува збор за нарачаниот производ и дека производот е исправен. По извршувањето на сите проверки, нарачаните производи се испраќаат на дадената адреса, а плаќањето се врши на лице место, односно при самиот прием на пратката од курирот.

Достава - како се вршат испораките?

Доставата ја вршат курирски служби и во моментот е можна само на територија на Република Македонија и тоа во следните општини: Скопје, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Валандово, Струмица, Радовиш, Штип, Кочани, Виница, Куманово, Свети Николе, Дебар, Македонски Брод, Крушево, Демир Хисар, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево, Берово, Дојран, Богданци.

Производите се доставуваат до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Доколку нарачката се однесува на општина што ја нема во претходно наведените, начинот на достава и на плаќање може да се договори со операторот кој ќе ве контактира за потврда на нарачката.

Доставата можете да ја организирате и самите, односно доколку така повеќе ви одговара можете самите да го подигнете производот од продавница или курирска служба (доколку постои таква опција за производот) или да користите курирски служби (повеќе информации за нив најдете тука).

Бесплатна испорака

Испораката на производи купени преку TRGOVSKI.mk на која било адреса во Република Македонија е ПОТПОЛНО БЕСПЛАТНА за сите нарачки над 1500 денари. Нарачките ги доставуваме преку курирската служба Глобко Логистик доо Скопје.

Трошок за испорака

Трошокот за испорака се наплаќа само за нарачки под 1500 денари и зависи само од тежина на пакетот а не и од местото на испорака. Цената обично изнесува околу 100 денари. Рок за достава е од 3 до 5 дена.

Рекламација

TRGOVSKI.MK прима рекламации на производи во рок од од нарачката. Ако сакате да извршите рекламација на производот што сте го нарачале слободно контактирајте не преку телефон или емаил за проблемот поврзан со производите купени преку нашиот систем и ние веднаш ќе одговориме на вашето барање.

Повеќе за рекламација прочитајте тука.

Како да нарачате надвор од Република Македонија?

Во моментот не испорачуваме производи во други земји, а оваа опција ќе биде овозможена доколку постои голем интерес за неа. Лицата кои живеат надвор од Република Македонија, а сакаат да купат некој од производите од асортиманот на Трговски, можат да дадат адреса на пријател или роднина во Македонија РМ и ние ќе извршиме достава на таа адреса. Покрај ова, постои и опција за специјални нарачки за кои се договараме преку е-маил, Вибер или Скајп (контактирајте не на sales@trgovski.mkили на броевите 071 227 229 и 071 318 485 и ќе се договориме). Во овој случај, трошоците за испорака се базирани на цените за испорака на DHL и вкупната тежина или зафатнина на производите кои ги нарачувате освен ако не станува збор за порачка на поголемо количество на производи од одредени брендови која посебно се договара во зависност од количината и условите за испорака. За нарачките на поголеми количества на производи важат специјални цени со попуст. За подетални информации за нарачки на големо слободно контактирајте не на sales@trgovski.mk.

Земете во предвид дека меѓународните нарачки може да бидатоптоварени со дополнителни давачки, такси за увоз или царини. Овие давачки се пресметуваат од страна на Царинската управа, а најмногу зависат од тежината на пакетот, како и од земјата во која треба да стигне пакетот. Иако преземаме чекори да ги минимизираме или елиминираме овие трошоци за увоз за нашите потрошувачи, сепак мораат да се достават бараните податоци до Царинската управа, така што, доколку сте заинтересирани за меѓународна нарачка, нашите оператори однапред ќе ви ги дадат сите потребни информации. Исто така, ве молиме да земете во предвид дека задржувањето на производи на Царина станува се почеста појава. Пратките може да патуваат подолго за да стигнат до меѓународната дестинација, и за жал, ваквите доцнења и задржувања се надвор од наша контрола.

Политика за враќање или замена

TRGOVSKI.MK ги советува своите клиенти задолжително да го прегледаат производот при преземањето од вработените во курирската служба кои ја вршат доставата. Во случај на видливи оштетувања како искинати делови или нагмечувања најдобро ќе биде да не го преземате пакетот. Во ваков случај веднаш повикајте не на телефонските броеви 071 318 485 или испратете ни порака на е-маил адреса reklamacija@trgovski.mk во која ќе ги наведете вашите податоци (име, презиме, телефон и адреса) бројот на нарачката и причината поради која сте одбиле да го преземете пакетот. Во најкраток можен рок ќе ве известиме за понатамошната постапка.

Доколку пак сте ја примиле пратката и по отворањето сте утврдиле дека испорачаниот производ не одговара на нарачаниот или податоците на сметката не се соодветни, ве молиме најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите телефонски на бројот 071 318 485 или да ни пратите е-маил со ваши податоци (име, презиме и телефон) на адресата reklamacija@trgovski.mk во кој ќе го опишете конкретниот проблем. Во најкраток можен рок ќе ве известиме за понатамошната постапка. Доколку нашата сервисна служба утврди дека производот има техничка грешка, ќе ви испратиме ист таков производ во исправна состојба, а доколку го немаме истиот на залиха ќе ви понудиме соодветна замена или ќе ви ги вратиме парите во согласност со законите на сила во Р.Македонија. Трошоците во случај на неисправност или техничка грешка се на наша сметка!

Доколку на купениот производ се појават недоследности во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, ве молиме да постапите на начин дефиниран во правилникот за рекламации на потрошувачи што се однесуваат на производи купени преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да ги испратите на адреса reklamacija@trgovski.mk.

Купувачот има право да врати купен производ во период од 7 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот. Средствата ќе ви бидат вратени на банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот, односно ќе ви бидат уплатени на сметка која ќе ни ја доставите дополнително доколку сте платиле преку курирска служба.

Кои производи можат да се заменат или вратат?

Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот. Потрошувачот може да го оствари правото во рок од 7 дена од денот кога го купил производот.

Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка или фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.

Трошок за враќaње или замена

Ако сакате да го вратите производот што сте го нарачале при доставата или потоа, откако ќе го преземете од курирот, или пак сакате да го замените поради големина, боја, тип и сл., а не а не поради неисправност на производот или евентуален пропуст од наша страна, трошоците за достава и курирската служба ќе бидат на товар на нарачателот без разлика на вредноста на пратката. Ова важи и во случај производот да бил доставен бесплатно и во случај нарачателот да го платил трошокот за достава при преземање на пратката. Трошоците за враќање на производот ги сноси купувачот, освен во случај да ви бил доставен неисправен или погрешен производ од оној што сте го порачале.

Трошоците за враќање на производот во случај на негова замена на барање на купуваќот ги сноси самиот купувач и тие изнесуваат околу 100 денари.

Како да го вратите или замените производ?

Враќање на производ

Ако сакате да го вратите производот треба да не контактирате во рок од 24 часа по приемот на производот на телефон 071 318 485 или на е-маил адреса reklamacija@trgovski.mk за да се договори понатамошната постапка. Враќањата се реализираат во рок до 10 работни денови по добивањето на потврдата за прием на пакет.

Политика за замена на производ

Можна е само замена за ист производ со соодветен производ во различна големина (или боја доколку станува збор за шминки и производи кои ги има на понуда во повеќе бои). Ако во моментот на поднесување на барањето за замена не постои можност за замена, односно производот што го барате го нема на залиха, имате право да побарате да ви бидат вратени парите на начин кој ќе го договориме, или пак ќе ви биде доделен кредитен ваучер кој ќе можете да го искористите за купување на производи од нашата интернет продавница.

Земете во предвид дека може само еднаш да замените одреден производ и дека притоа трошоците за враќање на производот и повторна достава ги сноси купувачот.

Не се рефундираат производите кои се вратени по 7 дена од датумот на прием на пратката. Исто така не се рефундираат и вратени производи кои се оштетени од ваша страна, производи кои биле облекувани или перени, носени или користени, кои имаат дамки од шминка, дезодоранс, парфем или слични дамки како и сите производи кои се купени на распродажба и по специјални цени.

Вратените производи што не ги исполнуваат условите за замена според Законот за заштита на потроувачите (прочитај го внимателно целиот текст) повторно ќе ви бидат испратени, при што подлежат на дополнителни трошоци за испорака. Ова се однесува само на производите кои сакате да ги замените или вратите поради ваша грешка, а не поради оштетеност на производот. Доколку добиете погрешен или оштетен производ по наша вина, ве молиме веднаш да не известите и да се договориме за понатамошната постапка. Во зависност од достапноста на производот, во најкраток можен рок ќе направиме замена на истиот. Во случај производот да е распродаден, ќе го рефундираме целиот износ на вашата нарачка. Рефундирањето може да биде извршено на сметка или пак преку курирска служба, како што ќе се договориме.

Враќање и замена на одредени производи

Доколку производот или производите ги исполнуваат условите за замена според Законот за заштита на потрошувачите (прочитајте ги одредбите во Политиките за враќање или замена), сакате да ги вратите или замените потребно е да ги направите следниве чекори: 1. Вклучете ја оригиналната фактура која ви е доставена од курирската служба во вашиот пакет. 2. На предната страна од фактурата, заокружете ги имињата на производите што ги заменувате и назначете ја новата големина (или боја). 3. Ставете ја фактурата, заедно со производот/производите кои што не се облекувани/користени и ги содржат оригиналните етикети, во безбедно запечатен пакет. 4. Пакетот испратете го по курирска служба која ќе ја договорите во контакт со нашите оператори одговорни за рекламација и замена на производите.

Доколку имате какви било прашања, контактирајте не на телефон 071 318 485.

Политика за приватност »   Правила и услови »   Нарачки и враќање »
Најчесто поставувани прашања »