ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Со правење нарачки преку системот на TRGOVSKI.MK вие сте одговорни за трошоците за испорака (освен за нарачките со износ над 1500 денари), како и за сите применливи давачки и трошоци за враќање на пратката назад до производителите/дистрибутерите од кои е извршена нарачката.

Ова исто така се однесува и на која било пратка која сте ја одбиле при доставата.

Политика за заштита и приватност на личните податоци

Во овој дел се објаснува начинот на кој ги прибираме, користиме и ги чуваме вашите податоци. Ви препорачуваме да го прочитате, заедно со нашите Услови за користење како и политиката за приватноста и правилата и условите кои можете да ги прочитате на следните линкови.

Политика за приватност »   Правила и услови »   Нарачки и враќање »
Најчесто поставувани прашања »

 I. Кои податоци ги прибираме и како ги користиме 

TRGOVSKI.MK бара и прибира лични податоци од клиентите на различни локации на интернет страницата коишто вклучуваат, но не се ограничени на, регистрација на ваша сметка на Trovski.mk, купување, комуникација преку социјалните медиуми, пишување на коментари и мислења, учество на настани, наградни игри или промоции, контакт со нашиот тим за грижа на корисници или објавување на содржина генерирана од корисниците на оваа страница. Во моментов ова се главните начини на кои што се прибираат информации, но во иднина можат да се воведат и други начини.

Во име на друштвото Аидемедиа ДОО, кое стои зад TRGOVSKI.MK се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши корисници. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите/корисниците и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање на квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите/корисниците се чуваат како доверливи и им се достапни само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во друштвото се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста. Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме за други цели ниту ќе ги проследуваме до трети лица. Типовите на лични податоци што може да се прибираат од вас може да се разликуваат во зависност од методот што се употребува. Може да вклучуваат, но не се ограничени на следново:

Податоци кои вие ги доставувате на Trgovski.mk

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Овие податоци ни се потребни за да ги испорачаме бараните производи, како и да ги известуваме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

Покрај основните податоци и податоците поврзани со плаќањата за извршување на нарачката, ги примаме и чуваме и сите останати информации кои вие доброволно ги давате во текот на регистрацијата. Ова пред се се однесува на корисничко име и лозинката за вашето членство на Trgovski.mk, запис од вашите нарачки, историја на купување, однесување и преференции при купување на Trgovski.mk, како и на податоците добиени од вас преку комуникација со нас преку социјалните медиуми и сите други детали што ги приложувате преку системот на Trgovski.mk или што се вклучени во информации добиени од трети лица. 

Автоматско прибирање на информациите

Покрај наведените податоци, преку системот на Trgovski.mk собираме, анализираме и обработуваме податоци за производите кои нашите клиенти ги бараат и купуваат, како и за страниците кои ги посетуваат. Ваквите податоци ги користиме за да ја подобриме понудата и изгледот на нашата страница и да им овозможиме на корисниците поедноставно користење и посигурно и поудобно купување.

Покрај ова користиме и алатки за анализа на интернет страници (вклучувајќи и Google Analytics) кои што автоматски прибираат нелични препознатливи податоци од вашиот прелистувач до логовите на нашиот сервер при ваша интеракција со нашата страница. Ваквите податоци вклучуваат, но не се ограничени на IP адреса, прегледани страници и детали за уредот преку кој е пристапено на интернет страницата. TRGOVSKI.MK користи и т.н. „колачиња“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на нивните потреби. Колачето е всушност текстуална датотека која се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Колачињата не можат да се искористат за покренување на програма или пренесување на вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој ви ги пратил. Една од основните намени на т.н. колачиња е да ви обезбеди погодности кои ќе ви заштедат време.

Исто така, можеме да прибираме и зачувуваме нелични препознатливи кориснички податоци (вклучувајќи зачестеност и број на посетители на нашата страница). Ваквите податоци се користат исклучиво во агрегирана форма и на начин кој ви овозможува анонимност. Можеме овие анонимни, агрегирани податоци да ги приложиме на нашите партнери кои дополнително можат да ги искористат со цел на одредување на обрасци и трендови на користење за да ви овозможиме подобро онлајн доживување.

Е-маил и друга комуникација 

Можеме да ве контактираме преку е-маил за да ви испратиме неопходни пораки кои се поврзани со нарачките направени преку системот на Trgovski.mk, како што се потврда за нарачка и испорака. Исто така, можеме да ви испратиме билтен и дополнителни е-маил пораки за нашите производи, услуги, подароци и промоции кои што мислиме дека ќе ве интересираат. Купувачите имаат можност да изберат да не добиваат вакви и други промотивни пораки од нас.

Како ги користиме вашите податоци

Сите лични податоци што ги прибираме од нашите клиенти се поради претходно наведените причини, како и заради обработка, потврдување, верификација и комплетирање на вашата трансакција, потоа за креирање, менаџирање и одржување на вашето членство на Trgovski.mk. Покрај ова, податоците се прибираат и заради овозможување на поддршка и услуги на клиентите, чување на податоци за историјата на вашите купувања, овозможување на комуникација преку нашата страница и социјалните мрежи, менаџирање на вашето учество во наградни игри и промоции, како и праќање соодветни е-меил пораки (види го делот за Е-меил и друга комуникација).

 

 II. Споделување на податоци 

Trgovski.mk се обврзува дека нема да ги споделува личните податоци од своите корисници со кои било трети лица за нивни промотивни цели. Вашите лични податоци можат да бидат споделени со трети лица единствено во следните случаи:

Плаќање и испорака

Користиме трети лица за вршење на плаќањето и за испорака на производите со цел да се осигура плаќањето и испораката на вашите купени производи. Повремено може да користиме и услуги од трети лица кои исто така се обврзани да ги чуваат како доверливи вашите лични податоци и да не ги користат за нивни промотивни цели.

Законско обелоденување

Го задржуваме правото да обелодениме лични податоци на нашите даватели на услуги, владините агенции, службите за спроведување на законите или други трети лица под одредени услови каде има доставено формално барање (судски налог или судска постапка) доколку, со целосна дискреција, веруваме дека е неопходно и соодветно.

Линкови до трети интернет страници

Оваа страница содржи линкови до други интернет страници. TRGOVSKI.MK не презема никаква одговорност за политиките за приватност или содржината на овие други интернет страници. Ви препорачуваме да ја прочитате политиката за приватност на секоја интернет страница која ја посетувате пред да дадете ваши лични податоци.

Содржини креирани од корисници и обелоденување на податоци

Кој било личен податок или слика кои доброволно ги обелоденувате на интернет на начин кој другите корисници можат да ги видат (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, коментари на производи и статии, објави на социјалните мрежи, работи поврзани со наградни игри и промоции) стануваат јавно достапни, и може да бидат прочитани и прибрани од другите членови на страницата. Вашето корисничко име или други податоци може да бидат прикажани кога објавувате коментари или слики преку нашата страница. Trgovski.mk не презема одговорност за личните податоци коишто корисниците сами ги обелоденуваат.

 III. Пристап до вашите лични податоци 

Можете да пристапите, да ги ажурирате или измените вашите лични податоци со најавување на вашата членска страна на Trgovski.mk. Можете да одлучите да не приложите дел или сите податоци кои што ги бараме, меѓутоа тогаш можеби нема да можете да се регистрирате.

 IV. Ажурирање на Политиката на приватност 

Trgovski.mk може во секое време и без претходно известување да ја измени или дополни оваа Политика за приватност преку ревидирање на истата на страницата. Со вашето понатамошно користење на системот на Trgovski.mk ги прифаќате сите измени и дополнувања. Затоа ви препорачуваме повремено да ја посетувате оваа страница за да ја прегледате моменталната Политика за приватност.

Последно ажурирање на 06.08.2015

 V. Контакт 

Сите ваши прашања и коментари во врска со оваа Политика за приватност како и самата интернет страница се добредојдени.
Можете да не контактирате на:

АИДЕМЕДИА ДОО ул. Партизанска 23, 2000 Штип

E-mail: m.mladenovikj@gmail.com

Даночен број: 4029009504560

 

Ви благодариме што го избравте Trgovski!

Со почит,

Аидемедиа ДОО