ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ »

Почитувани корисници,

Ве молиме пред да почнете со користењето на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие се неприфатливи за вас, ве молиме да не ја користите оваа апликација.

 


 

 

 ОПШТИ ОДРЕДБИ 

TRGOVSKI.MK ја администрира оваа интернет страница од својата канцеларија во Скопје, Република Македонија, вклучувајќи мобилни и/или интернет апликации поврзани со системот на Trgovski.mk кој е овозможен од АИДЕМЕДИА ДОО. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, додека пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите по сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

TRGOVSKI.MK може да ги ревидира овие услови во кое било време, со измени и дополнувања на овој документ. Ве молиме посетувајте ја повремено оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што тие се обврзувачки за сите корисници. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

 


 

 

 1. Со користењето на оваа страница се согласувате со овие услови за користење 

Вашето пристапување и користење на TRGOVSKI.MK е предмет на овие Услови за користење, како и на сите применливи закони и прописи. Со пристапување и користење на оваа страница вие ги прифаќате во целост овие Услови за користење. TRGOVSKI.MK може, во секое време и без претходно известување, да ги измени или дополни овие Услови за користење со нивно ревидирање во системот. Со вашето понатамошно користење на TRGOVSKI.MK вие го прифаќате сите вакви измени и дополнувања. Затоа ви препорачуваме повремено да ја посетувате оваа страница за да ги прегледате моменталните Услови за користење. Вие не можете на никој начин да интервенирате во овие Услови за користење. Условите за користење можат да бидат ревидирани исклучително од страна на TRGOVSKI.MK. Доколку не се согласувате и не ги прифаќате целосно овие Услови за користење, ќе морате да прекинете со користењето на оваа интернет страница.

 


 

 2. Дозволено користење на страницата и прекинување на користењето 

Trgovski.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) поставени на оваа интернет страница. Неовластеното користење на кој било дел од страницата без дозвола на сопственикот на авторските права се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.

Се согласувате дека TRGOVSKI.MK, без причина или претходно известување, и без одговорност кон вас или кое било трето лице, може веднаш да го прекине вашето членство на интернет страницата www.trgovski.mk, која било промоција или награда поврзана со вашето членство и/или вашата е-маил адреса, пристап до вашата страна за регистрирани корисници, пристап/учество во какви било посебни маркетиншки групи, пристап до или учество во какви било промоции или наградни игри, или пристап до која било наша страница на социјалните мрежи, во согласност со овие Услови за користење. Секоја измамничка, навредлива или незаконска активност која може да биде основа за прекин на вашето членство може да биде пријавена на надлежните институции.

Причина за ваквиот прекин може да биде: (а) кршење на Условите за користење или другите вклучени договори, (б) налози од надлежните владини институции, (в) ваше барање (самоиницијативно бришење на членството), (г) измена на материјалите на страницата или кој било нејзин дел, (д) технички или безбедносни проблеми, (ѓ) ваше учество во измамнички или незаконски активности, (е) и/или (ж) без никаква причина.

Прекинот на вашето членство на TRGOVSKI.MK повлекува (а) отстранување на пристапот до сите понуди или поволности презентирани на страницата, (б) бришење на вашата лозинка и сите податоци, датотеки и содржини поврзани со вашето членство на страницата, (в) спречување на понатамошно користење на вашата сметка. Исто така, се согласувате дека можниот прекин ќе биде направен со целосна дискреција на TRGOVSKI.MK и дека TRGOVSKI.MK нема да сноси никаква одговорност кон вас или кое било трето лице за каков било прекин на вашето членство, која било поврзана е-маил адреса или пристап до вашата сметка.

Можете да го прекинете вашето членство, овој Договор и вашето право да ја користите вашата сметка во секое време и од каква било причина или без причина, контактирајќи не на: contact@trgovski.mk

TRGOVSKI.MK не е наменет за деца.

 


 

 3. Содржини кои ги објавуваат самите корисници 

TRGOVSKI.MK нуди и интеракција со корисниците, при што корисниците можат да објавуваат содржини како што се на пример рецензии и критики за одредени производи. TRGOVSKI.MK не може постојано да ги прегледува сите вакви содржини објавувани од страна на корисниците и не сноси никаква одговорност за ваквите содржини.

Вие потврдувате дека со обезбедување на можноста за прегледување и пренесување на содржини подготвени од корисници на оваа страница, TRGOVSKI.MK делува единствено како пасивен канал за ова пренесување на информациите и не презема никакви обврски. Со објавување на содржини од ваша страна, вие се претсавувате и гарантирате дека: (а) вие сте единствен креатор и/или автор на каква било ваква содржина што вклучува каква било интелектуална сопственост или пред да ја објавите, вие сте ги добиле правата од сопственикот да ја користите и да го овластите TRGOVSKI.MK да ја користи; (б) со тоа се одрекувате од какви било морални права што може ги имате во врска со ваква содржина креирана од корисник; и (в) дека ваквата содржина е вистинита и точна. Во секој случај, TRGOVSKI.MK го задржува правото да ги блокира или отстрани комуникациите или материјалите што ќе оцени дека се неприфатливи за TRGOVSKI.MK.

Со објавување на каква било содржина креирана од корисник, вие на TRGOVSKI.MK му одобрувате (1) постојано, неотповикливо, без надомест за користење, преносливо право и лиценца за користење, умножување, модифицирање, целосно бришење, преработување, објавување, создавање на изведени работи и/или продажба и/или дистрибуција на ваквата содржина и/или вметнување на ваквата содржина во каква било форма, медиум или технологија низ целиот свет без никаков надоместок кон вас; и (2) право јавно да го користи вашето име и/или фотографија. Доколку се уште не сте полнолетни, гарантирате дека имате одобрение од вашиот родител или старател да давате вакви одобренија. Целокупната содржина што ја приложувате може да се користи од страна на TRGOVSKI.MK без какви било обврски за доверливост.

Строго се забранува малтретирање на каков било начин или облик на страницата, вклучително и преку електронска пошта, разговор или преку користење на непристоен или навредлив јазик. Исто така е строго забрането секакво лажно претставување, вклучително и како вработен или претставник на TRGOVSKI.MK, како и како друг член или посетител на страницата. На страницата не смее да се поставува, дистрибуира или на кој било начин објавува каква било содржина што е лажна, наведува на погрешно мислење, неточна, клеветничка, погрдна, непристојна, заканувачка, содржина што ги прекршува личните и јавните права, навредлива, незаконска или непожелна во смисла дека може да претставува или поттикнува криминален прекршок, прекршување на правата (вклучително и интелектуални права на сопственост или јавни или приватни права) на кое било лице, или на кој било начин да покрене одговорност или да прекрши кој било закон.

 


 

 4. Интеракција и комуникација со другите корисници 

Самите сносите одговорност за вашата интеракција и комуникација со другите корисници. Во случај на спор со друг корисник или корисници, вие неотповикливо и трајно го ослободувате TRGOVSKI.MK (вклучувајќи ги службениците, директорите, агентите, подружниците, поврзаните претпријатија и вработените на TRGOVSKI.MK) од секакви тужби, барања и отштета (директна или индиректна) од каков било вид или природа, позната или непозната, што произлегува или на кој било начин е поврзана со ваквите спорови.

 


 

 5. Известување и електронска комуникација 

Со вашата посета на нашата интернет страница, праќање електронска пошта до TRGOVSKI.MK или со нашето објавување на известувања или понуда на производи/услуги или преписка со вас преку електронска пошта, ние остваруваме електронска комуникација. Во овој дел се објаснети вашите права во врска со електронската комуникација со нас. Со пристапување и користење на нашата интернет страница вие се согласувате да добивате пораки од нас по електронски пат. Се согласувате дека сите известувања, откривања на информации, спогодби и друга комуникација што ја добивате од нас по електронски пат ги исполнува применливите законски барања за писмена комуникација. Вашата согласност да добивате пораки и да вршите деловни трансакции по електронски пат, и нашата согласност да комуницираме на овој начин, се однесува на сите ваши интеракции и трансакции со TRGOVSKI.MK.

Исто така, на вашата е-маил адреса може да ви праќаме и други пораки, како известувања за промена на карактеристиките на нашите услуги, билтени и дополнителни објаснувања за нашите производи, услуги, наградни игри и промоции кои што мислиме дека ќе ве интересираат. Доколку не сакате понатаму да добивате вакви промотивни пораки од нас, можете слободно да не известите за тоа во секој момент.

Во случај на промена на вашата е-маил адреса, ве молиме навремено да не известите за нашата комуникација да продолжи да се одвива непрекинато.

 


 

 6. Заштита на личните податоци 

Политиката за заштита на личните податоци на TRGOVSKI.MK претставува составен дел од овие Услови за користење и со согласноста на Условите за користење вие се согласувате и на Политиката за заштита на личните податоци. Сите лични податоци (на пример вашето име, адреса, телефонски број или е-маил адреса) кои ни ги испраќате преку електронска пошта или на друг начин ќе се користат од страна на TRGOVSKI.MK во согласност со Политиката за заштита на личните податоци. Целокупната останата комуникација или материјали што ги доставувате или објавувате на страницата како прашања, коментари, предлози или слично, нема да се сметаат за доверливи и заштитени. За повеќе информации ве молиме прочитајте ја нашата Политика за заштита и приватност на личните податоци.

 


 

 7. Општи практики, ограничувања, печатни грешки и бои 

Како корисници вие се согласувате дека TRGOVSKI.MK може да воведе одредени општи практики и ограничувања во однос на користењето на содржините, вклучувајќи ги без ограничување, максималниот број на денови што електронските пораки, објавите или другите поставени содржини ќе се чуваат, максималниот број на електронски пораки што можат да бидат испратени или примени од вашата сметка, како и максималната големина на електронската порака што може да биде испратена или примена од вашата сметка. TRGOVSKI.MK  нема обврска или одговорност во случај на бришење или неможност за зачувување на пораки и друга комуникација или друга содржина што се чува или испраќа. Доколку членовите се неактивни подолг временски период TRGOVSKI.MK има право да ја избрише или оневозможи нивната сметка. Исто така, прифаќате дека TRGOVSKI.MK  го задржува правото повремено да ги изменува или дополнува овие општи практики и ограничувања.

Доколку поради одредена грешка цената и/или карактеристиките на одреден производ се прикажани неточно, TRGOVSKI.MK има право да ги одбие или поништи сите нарачки што се однесуваат на производот кој е неточно прикажан, без разлика дали нарачката е потврдена и наплатена. Во случај на поништување на веќе наплатена и реализирана нарачка, TRGOVSKI.MK на вашата сметка ќе ви го врати износот што сте го платиле. TRGOVSKI.MK не е обврзан да ви достави производ по неточна цена во никој случај.

Боите на производите што се презентираат на нашата интернет страница можат делумно да зависат од перформансите на вашиот компјутер или монитор и затоа TRGOVSKI.MK не може да гарантира дека боите на производите ќе бидат идентични на боите што ги гледате на мониторот.

 


 

 8. Одрекување и гаранција 

Оваа интернет страница, сите содржини и материјали и производи кои се поставени на неа се дадени такви какви што се. Според тоа, TRGOVSKI.MK  во согласност со применливите закони на сила ги одрекува сите гаранции, јасно или имплицитно изразени, кои вклучуваат но не се ограничуваат на имплицирани гаранции на маркетабилност и соодветност за одредени намени.

TRGOVSKI.MK не гарантира дека функциите кои ги содржи нашата интернет страница ќе бидат постојани или без никакви пропусти, дека грешките ќе бидат веднаш отстранети или дека оваа интернет страница или северот на кој се наоѓа таа се постојано чисти од вируси или други штетни елементи. TRGOVSKI.MK  не дава гаранции во врска со користењето на материјалите презентирани на оваа страница во врска со нивната точност, прецизност, адекватност, корисност, умесност, сигурност и сл.

 


 

 9. Обесштетување 

Како корисници вие се согласувате на обесштетување и не го сметате за одговорен TRGOVSKI.MK , вклучувајќи ги неговите службеници, директори, вработени, агенти и добавувачи, од и против сите загуби, трошоци и штети, вклучувајќи и прифатливи адвокатски провизии, кои што произлегуваат од какво било прекршување на овие Услови за користење или каква било активност поврзана со вашето членство (вклучувајќи и несовесно или незаконско однесување) од ваша страна или кое било друго лице што пристапува на оваа интернет страница преку вашата сметка. Вие сте одговорни за заштита и чување во тајност на вашето корисничко име и лозинка во однос на трети лица.

 


 

 10. Ограничувања на одговорноста 

Вие ја користите оваа интернет страница на ваш сопствен ризик. Ниту TRGOVSKI.MK, ниту која било од неговите подружници, филијали, вработени или директори, ниту кој било од неговите агенти или кои било други лица вклучени во креирањето, подготовката или испорачувањето на оваа страница и нејзините содржини се одговорни за какви било директни, индиректни, казнени, случајни, посебни или други штети настанати од или на кој било начин поврзани со користењето на оваа страница без разлика дали тоа се заснова на договор или на некој друг начин.

 


 

 11. Линкови до трети лица 

За да се обезбеди поквалитетна услуга на нашите клиенти, TRGOVSKI.MK  може да поставува линкови до интернет страници кои ги управуваат трети лица. Меѓутоа, и во случај ваквото трето лице да е партнер на TRGOVSKI.MK, TRGOVSKI.MK нема контрола над овие интернет страници, кои што можат да имаат различна политика за приватност и прибирање на податоци, независно од политиката на TRGOVSKI.MK. Овие поврзани интернет страници служат само за подобрување на вашето искуство при посета на нашата страница и кон нив пристапувате на ваш сопствен ризик. Покрај претходно наведеното, TRGOVSKI.MK се одрекува каква било одговорност доколку ваквите интернет страници: прекршуваат права на интелектуална сопственост; се неточни, нецелосни или доведуваат во заблуда; не се маркетабилни и не се соодветни за намената; не овозможуваат соодветно ниво на сигурност; содржат вируси или други опасни или штетни појави; или користат погрдни и клеветнички јазик.

TRGOVSKI.MK нема контрола над содржината или производите/услугите што ги нудат ваквите интернет страници. Меѓутоа, TRGOVSKI.MK  настојува да го заштити интегритетот на сопствената интернет страница и поставените линкови до други страници и затоа бара повратни информации од посетителите не само за сопствената страница, туку и за страниците до кои се поставени линкови (вклучувајќи и нефункционални линкови). Повратните информации што ќе ги споделите во врска со ова нема да се сметаат за доверлива.

 


 

 12. Интелектуална сопственост 

Освен ако не е утврдено на друг начин, дизајнот на интернет страницата, интернет страницата како целина и материјалите односно содржините што се дел од страницата се авторски права, заштитни знаци или друга интелектуална сопственост кои се во сопственост, под контрола или дел од лиценца на TRGOVSKI.MK  или неговите партнери. Содржините, вклучувајќи го и заштитниот знак и логото на TRGOVSKI.MK , не можете да ги користите за каква било комерцијална намена без писмено одобрение од TRGOVSKI.MK.

Copyright 2013, TRGOVSKI.MK . Сите права се задржани.

Целокупниот софтвер што се користи на оваа интернет страница е сопственост на TRGOVSKI.MK или неговите добавувачи на софтвер и е заштитен со законите за авторски права и не може да биде користен од ваша страна за каква било намена. Се согласувате дека нема да вршите промена или бришете на назнаките за сопственост од печатените или преземаните материјали или содржини од интернет страницата.

 


 

 13. Поплаки за авторско право 

Доколку сметате дека вашите авторски права или други права се прекршени, ве молиме приложете ги следните податоци на е-маил адресата: contact@trgovski.mk

1. Електронски или писмен потпис на лицето овластено да делува во име на сопственикот на авторското право;

2. Опис на делото за кое што тврдите дека вклучува прекршување на авторското право;

3. Опис на локацијата каде се случило делото за кое што тврдите дека вклучува прекршување на авторското право;

4. Вашата адреса, телефонски број и е-маил адреса;

5. Писмена изјава од ваша страна дека сметате дека спорното користење не е одобрено од сопственикот на авторското право, неговите агенти или законот;

6. Изјава од ваша страна дека податоците во известувањето се точни, и дека под полна кривична и морална одговорност тврдите дека сте сопственик на авторските права или сте овластени да делувате во име на сопственикот на авторските права.

 


 

 14. Закон и јурисдикција 

Овие Услови за користење и користењето на интернет страницата се раководат од законите на Република Македонија. Основниот суд во Скопје ќе има ексклузивна јурисдикција над сите евентуални спорови кои се поврзани или се однесуваат на овие Услови за користење и/или интернет страницата.

 


 

 15. Пренесување 

TRGOVSKI.MK  може да ги пренесе своите права и обврски што произлегуваат од овие Услови за користење на кое било лице во кое било време без претходно известување до клиентите/корисниците.

 


 

 16. Прашања и информации 

Сите ваши прашања и коментари во врска со оваа интернет страница се добредојдени. Ве молиме испратете ни ги вашите коментари, предлози, прашања или какви било информации во врска со нашата интернет страница на е-маил адреса: contact@trgovski.mk.

 


 

Правила и насоки за комуникација

Ние сме постојано отворени за сите ваши предлози, забелешки и повратни информации. Ние го цениме и почитуваме вашето мислење, без разлика дали станува збор за коментар, рецензија или критика на производ или на нашата страница и сл. Бидејќи настојуваме да обезбедиме пријатна и сигурна средина за комуникација ве молиме кога го изразувате вашето мислење да користите пристоен јазик, да споделувате само вистинити и точни информации и да се воздржувате од секакви вулгарности и навреди.

Нашата цел е TRGOVSKI.MK и нашите социјални страни да претставуваат пријатни и позитивни места за дружење. Според тоа, имаме право да ги отстраниме сите содржини што ја нарушуваат пријателската атмосфера. Меѓу другото, ова се однесува на бришење на:

  • Коментари кои содржат навредливи содржини поврзани со дискриминација или сексизам, вулгарности или контроверзен и/или сексуално експлицитен материјал
  • Коментари кои содржат несакана пошта (спам), промоции, упатувања на страници на наши конкуренти или други несоодветни линкови
  • Деградирачки, потценувачки, заканувачки и неконструктивни коментари
  • Негативни коментари и навреди за изгледот на луѓето.

Доколку забележите коментари што ги сметате за несоодветни, ве молиме известете не на следната адреса: contact@trgovski.mk

Бидете креативни и конструктивни!

 ПОЛИТИКА НА ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА 

Нашата цел е да имаме среќни и задоволни купувачи и затоа, ако не сте задоволни со вашата нарачка, ќе ги преземеме сите мерки да ги поправиме недостатоците. Ве молиме земете во предвид дека можете во секое време да не контактирате за сите дополнителни прашања или проблеми поврзани со одредена нарачка или производ. Нашата политика за враќање и замена можете да ја видите тука.